Гостиварскиот Регионален синдикат за образование, наука и култура (СОНК) и Синдикалната организација за образование и наука на турскиот регион Едрене денеска во Гостивар потпишаа протокол за соработка
Официјалниот документ за соработка беше презентиран пред членови на синдикатот, општините Гостивар и Врапчиште и гости од Турција.
- Протоколот за соработка опфаќа повеќе точки како што се размена на искуства, реализација на заеднички проекти, семинари, форуми околу синдикални прашања. Со него е превидено и организирање на разни спортски и културни активности, рече Тафа Амети, претседател на Регионалниот синдикат на СОНК-Гостивар на свеченост организирана во ресторан во Гостивар.
Според Амети, потпишувањето на протоколот е прв чекор во воспоставување поцврста соработка меѓу синдикатите за образование на меѓудржавно ниво. Соработката на двете синдикални организации беше предложена при посетата на делегација на СОНК на колегите во Турција, минатиот месец. Потпишаниот протокол за сооработка ќе важи пет години.
|