Претседателот на СОНК Дојчин Цветаноски на покана од Амариканската федерација на учителите (АФТ) од 12-16.07.2009 година присуствуваше на Конференцијата на АФТ во Вашингтон, која беше на тема “Инвестираме во нашата иднина“. На Конференцијата учествуваа повеќе од 2300 учесници од АФТ, како и синдикални гости од странските синдикати од образование. Од европските земји беа поканети и присуствуваа само од синдикатите за образование од Шпанија, Велика Британија, Холандија и Република Македонија што преставува знак на големо пријателство и чест за СОНК.
Претседателот Цветаноски сите денови од неговиот престој беше опкружен со нескриено пријателство од страна на високите преставници од раководството на АФТ што преставува континуитет на пријателските односи и подршка што СОНК ја има последните седум години на еден од најмоќните синдикати за образование во светот.
На пленарните седници на Конференцијата која ја отвори претседателот на АФТ Ренди Веингарген, свое обраќање имаше и државниот секретар за образование на САД господинот Арне Данкан а на завршната пленарна седница се обрати државниот секретар за труд на САД.
На Конференцијата беа по групи разгледувани повеќе прашања од интерес на АФТ, а сето тоа е едно големо искуство за натамошните активности на СОНК во однос на нашите настојувања за градење на современ синдикат.
Претседателот Цветаноски имаше едночасовен разговор со директорот за меѓународна соработка Дејвид Дорн на кој присуствуваше и неговиот помошник госпоѓата Шенон Ледерер која пред само неколку месеци беше во посета на СОНК.
Последниот ден од посетата претседателот на СОНК имаше исто така едночасовен разговор со директорот на Центарот за солидарност на Американската федерација на синдикати господинот Тим Рајан кој се интересираше за најактуелните состојби и активности во СОНК како и во Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС).
Претседателот Цветаноски за време на Конференцијата се сретна и со неколкумина од едукаторите на АФТ кои минатите години вршеа обука на дел на раководството на СОНК (претседатели на синдикални организации и региони на СОНК) како и со неколкумина преставници од странските делегации меѓу кои и со генералниот секретар на Интернационалата за образование од Брисел господинот Фред Ван Ливен.
Од страна на високите преставници на АФТ беше потврдена целосната подршка на СОНК на сите активности за демократски развој и изградба на современ синдикат а во таа смисла најдоцна до крајот на септември во СОНК ќе испратат двајца нивни експерти на некулкудневен едукативен семинар особено за прашања сврзани за децентрализација како и подготовките за престојните редовни избори во нашиот синдикат.
На крајот треба уште еднаш да се истакне огромното значење за СОНК од повеќегодишната исклучителна соработка и подршка што ја имаме од АФТ и нивната цврста решеност за продолжување на оваа соработка и подигнување на повисок степен. |