линкови
ghghfsfsghghghngh
 
 
 
 
 
 
 

 

 

останати вести

Зголемена сумата на бескаматниот кредит

Износот на бескаматниот кредит од Синдикалниот Фонд на СОНК се зголемува од 12.000 денари на 15.000 денари. Отплатата на бескаматниот кредит се врши во 10 месечни рати во износ од 1.500 денари. Корисникот на кредит има право да поднесе барање и за кредит со помал износ, односно од 9.000 ден., 10.500 ден. или 12.000 ден.

Работна средба со Министерот за образование и наука

Претседателот на СОНК Јаким Неделков, заедно со генералниот секретар Весна Неделковска на 3.10.2011 година, имаше работна средба со Министерот за образование и наука г-дин Панче Кралев.

          На средбата взаемно беа разгледани повеќе прашања кои се од заедничка надлежност и взаемен интерес на СОНК и на МОН.

Ново во синдикалната понуда

Гостиварскиот Регионален синдикат за образование, наука и култура (СОНК) и Синдикалната организација за образование и наука на турскиот регион Едрене во Гостивар потпишаа протокол за соработка

Официјалниот документ за соработка беше презентиран пред членови на синдикатот, општините Гостивар и Врапчиште и гости од Турција.

- Протоколот за соработка опфаќа повеќе точки како што се размена на искуства, реализација на заеднички проекти, семинари, форуми околу синдикални прашања.

Финален извештај од ФНВ-АОБ-Холандија за реализираната Програма за едукација, помеѓу СОНК и АОБ за период 2005-2008 година

Драги пријатели на СОНК,

Навистина помина време, но конечно може да го затвориме проектот. Денес го добив овој меил со многу комплименти за финансискиот извештај. Прочитајте го и бидете горди со тоа што го постигнавте.

Најдобри желби,
Труди

ОДРЖАНА 4-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА СОНК

Советот на СОНК на 24.08.2011 година ја одржа 4-та редовна седница на која се расправаше по повеќе актуелни прашања во надлежност на нашиот Синдикат.

          Беше извршена анализа на изборните активности во синдикалните организации на СОНК и се констатира дека во поголемиот број на синдикални организации изборите успешно се извршени и во предвидениот рок.  Во синдикални организации каде што сеуште не се спроведени изборите, Советот на СОНК донесе Заклучок, со кој се задолжија претседателите на регионалните одбори на СОНК, да свикаат состаноци во синдикалните организации  за избор на раководството во истите. повеќе...
 
  Copyright © СОНК 2011